Арнаутовиќ и Фратези стрелаа за победа на Интер над Удинезе (ВИДЕО)

Eкипата на Интер славеше победа од 2-1 над Удинезе во рамките од 30. коло во Серија А и така ја продолжи добрата форма во првенството.

Победата „нероаѕурите“ ја обезбедија со двата гола во првото полувреме. Прво Арнаутовиќ ја искористи асистенцијата на Димарко во 12. минута за во 29-тата Димарко одново да асистира, сега за Фратези.

Со предност од два гола домашниот состав замина на паузата. Изгледаше Интер сигурно на теренот се до 71. минута кога Солет погоди со одличен удар од далечина. 

По тој гол Удинезе создаде и две-три одлични прилики, меѓутоа трите бода сепак останаа во Милано. На табелата Интер сега има 67 бода, шест повќе од Наполи кој вечерва го игра својот натпревар против Милан.