Борусија го победи Мајнц и се врати во игра за Европа! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд по двата порази во низа денеска славеше победа од 3-1 со која „милионерите“ се вратија во игра за местата кои водат во Европа.

Имаа иницијатива и повеќе напаѓаа домаќините од самиот старт, а за водство од 2-0 на полувремето се погрижија Беиер и Емре Чан кои погодуваа во 39-тата и 42. минута.

Во вториот дел видовме уште по еден гол и на двете страни, Беиер по вторпат се запиша во листата на стрелци, додека утешниот гол за Мајнц го постигна Небел.

За Борусија ова беше посебно важна побеа бидејќи екипите кои се пред „милионерите“ на табелата не забележаа победи, па сега иако се 10-ти зад шестиот Лајпциг заостануваат само четири бода.