
Хаос во Белград: „Гробари“ фрлаа топовски удари на теренoт, гостите се повлекоа! (ВИДЕО)
На трибините во салата „Бањица“ се собра голем број навивачи на трибините и уште на самиот старт беа фрлени неколку топовски удари и петарди по што гостинските ракометари веднаш се повлекоа во соблекувалната. Исто беше и откако се вратија на паркетот, па поради тоа одново се повлекоа и повеќе не се враќаа на теренот.
Au... pic.twitter.com/QGGU359d96
— FantomBeograda (@FantomBeograda) March 30, 2025
Според српските медиуми причина за ваквите нереди е претходниот натпревар во кој Партизан претрпе пораз од АЕК со 27-22 во Атина, но ракометарите се соочија со бројни навреди и притисок од трибините уште од првата секунда.