Манчестер сити обезбеди полуфинале во ФА Купот, но ќе стравува за Халанд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити со пресврт славеа (1-2) над Бормут во четвртфиналето од ФА Купот со што обезбедија место во полуфиналето каде што ќе се сретнат со Нотингем Форест.

Манчестер сити можеше прв да дојде до водство по само 14 минути игра, но Ерлинг Халанд не реализираше пенал. Бормут тоа го искористи и седум минути подоцна преку Еванилсон дојде до предност.

Со еден гол предност домашниот состав замина и на паузата. Израмнување за избраниците на Пеп Гвардиола до израмнување дојдоа во 49. минута кога Халанд ја искористи асистенцијата на О’Рајли. Истиот фудбалер беше асистент и за погодокот на Омар Мармуш во 63. минута за 1-2.

Мармуш во игра влезе само две минути претходно откако Халанд се пожали на повреда и мораше да бидде заменет.

Претходно денес полуфинале обезбеди и Астон Вила која за место во финалето ќе се бори со Кристал Палас.