Тотално лудило во Подгорица: Навивачите фрлаа штрафови на терен, Калиниќ ги гаѓаше нив (ФОТО+ВИДЕО)

Натпреварите меѓу Будуќност и Црвена Звезда во Подгорица секогаш се на раб на прекин, па исклучок не беше ни синоќешниот, прв од полуфиналето на АБА лигата.

Иако црногорскиот тим имаше апсолутна доминација и оствари победа со 34 поени разлика, гостинските кошаркари го напуштија теренот во третата четвртина по една мешаница, односно борба за топка, а портпаролот на Звезда објасни зошто донеле таква одлука.

„Причина за повлекувањето од теренот е тоа што навивачите не гаѓаа со штрафови и чаши. Ако биде уште нешто фрлено на теренот, ќе се испразни цела сала“, рече тој, притоа покажувајќи еден штраф кој, наводно, летнал од трибините.

Врв на лудилото беше потегот на Никола Калиниќ кој ризикуваше да дојде до тотален хаос на теренот, но и да повреди некого бидејќи со предметите што летаа на теренот потоа ги маваше гледачите.