
Студентски центар го шокира Партизан среде Белград!
Студентски центар ја искористија ситуацијата во Партизан, кој неодамна остана без Ф4-турнир во Евролигата, па уште на стартот тргнаа моќно и набрзо стигнаа до +13. Сепак, „црно-белите“ до полувреме намалија на 46-47.
Партизан не успеа да го сврти мечот во своја корист ниту во третата четвртина, каде што Студентски центар во еден момент поведе и со 68-60.
„Црно-белите“ конечно го скршија отпорот на гостите во последната четвртина и го преземаа водството, но во драматична завршница загубија со 83-84.
Ивишиќ со 22 поени и 13 скокови беше најдобар во победничкиот тим, додека Ледеј постигна 20 поени за Партизан.