Срамни навреди за тешко повреден кошаркар: „Носи го тоа го*но надвор од теренот“ (ВИДЕО)

Ептен неспортскиот гест на навивачите на Црвена звезда ја фрлија во сенка синоќешната фантастична победа во првата полуфинална пресметка од плејофот во АБА против Партизан (106-101) во меч кој траеше два и пол часа и беше решен по едно продолжение.

Црно-белите во третиот период останаа без својот лидер, Новица Величковиќ, кој посериозно го повреди скочниот зглоб. И додека со болна гримаса беше изнесуван од теренот, од трибините доаѓаа срамни навреди:

„Носи го тоа го*но надвор од теренот“!

Ова дефинитивно беше најгрдиот момент во натпревар кој изобилуваше со пресврти, добри потези и ретко видена драматичност.

Видеото со повредата на Величковиќ и со навредите од навивачите упатени кон него може да го погледнете на следниот линк.