Радуловиќ: Рогашка ни одржа лекција по кошарка!

Кошаркарите на МЗТ Скопје, неочекувано, претрпеа убедлив пораз во вечерашниот дуел против Рогашка (64-80) во вториот меч сезонава во АБА2, одигран на турнирот во Златибор, откако во пресметката влегоа како фаворити по стартиот значаен триумф над силниот Младост Земун.

Аеродромци не беа ниту бледа сенка од завчерашниот тим, кој знаеше што сака и кој играше агресивно во текот на сите 40 минути, што, секако, донесе големо разочарување кај тренерот Дарко Радуловиќ.

„Немаше нешто што не беше ни беше проблем на вечерашната средба. Немавме решение за транзицијата, немавме скок, а ги предупредив играчите пред мечот дека не треба да го потценат противникот. Се случи спротивното, а Рогашка ни одржа лекција по кошарка, како се игра, како се бори. Денеска бевме двојно во минус во однос на тоа што го покажавме против Младост. Пристапот мора да се промени, инаку проблемите ќе ги решавме на поинаков начин“, изјави Радуловиќ.

Вториот македонски тим во АБА2, екипата на Пелистер, својот втор меч ќе го одигра утре против Сутјеска (18 часот), откако во првата пресметка претрпе исто така убедливо пораз од Ловќен.