Поранешен соиграч на Чековски заврши во болница поради Ковид-19!

По веста позитивен на коронавирусот е тренерот на Левски Лукоил, Тити Папазов, кој е поранешениот „шеф“ на двајца македонски селектори, Марин Докузовски и Александар Тодоров, денеска од источното соседство доаѓа информација дека заразен со Ковид-19 е и актуелниот кошаркарски репрезентативец на оваа земја, Станимир Маринов.

Тој е префрлен на инфективното одделение во МБАЛ болницата во Софија, поради потешкотии со дишењето и симптоми на пневмонија. Маринов потенцирал дека на почетокот од месецов бил на фудбалски натпревари во два различни града и дека најверојатно таму се заразил со коронавирусот.

Станува збор за поранешен соиграч на некогашниот македонски репрезентативец, Ѓорѓи Чековски, со кого кус период играа заедно во косовска Приштина во 2015 година.