НБА-ѕвездата Дејвис дојде во Задар и експресно реши да си – замине?

Само два дена откако го дочекаа на невиден начин во Задар, бившата НБА-ѕвезда Глен Дејвис нема да заигра за хрватскиот клуб, иако беше најавен како големо засилување, објави потралот „Спортатндо“.

Дејвис по доаѓањето во Задар не се ни распакува, а веќе заминува за САД и според неофицијалните информации постојат три верзии зошто бившата ѕвезда од НБА нема да игра во Задар. Првата е во прашање е носталгија и дека брзо сфатил дека не може без татковината. Втората е дека тој поради прекумерна килажа не успеал да го одработи првиот тренинг и ги разочарал сите во Задар, но третата и најреална опција е дека двете страни не се договориле за пари.

Засега официјално нема потврда од Задар, дека Дејвис нема да потпиша за клубот, но порталов веќе како сигурно најавува дека Американецот нема да го облече дресот на хрватскиот клуб.

Дејвис е поранешен кошаркар на Бостон Селтикс и ЛА Клиперс, а најдобриот период во кариерата го одигра за Орландо со просек од 15 поени и осум скока. Инаку тој три години е без професионална кошарка, па неговата физичка подготовка била под знак прашалник.