На 58-годишна возраст, почина поранешен играч на МЗТ Скопје
Во неговата 16-годишна професионална кариера, Мавренски играше за неколку српски клубови, потоа Ибон од Никшиќ и ЗТЕ од Унгарија, но на македонската спортска јавност ѝ е најпознат по деновите поминати во МЗТ Скопје. Во клубот од Аеродром не остави длабока трага, играше краток период во 1998 година по што замина во босанската Грачаница. Најславните денови, сепак, ги помина во Звезда со која беше шампион на СР Југославија во 1994 година. Како активен кошаркар ја претставуваше и Југославија, но во младинските репрезентации со кои освои злато на Европското кадетско првенство во 1983 и бронза на јуниорското првенство 1983 година.
Подоцна беше и тренер, ги водеше Војводина, Визура, Железничар Инџија и унгарскиот Печ.