Мистериозна смрт: Кошаркарка пронајдена мртва на нејзиниот 18. роденден!

Трагични вести ни доаѓаат од Романија, каде што една од најталентираните кошаркарки Алесија Марија Рајкју била пронајдена мртва во својот дом и тоа на денот на нејзиниот 18. роденден.

Медиумите од Романија објавија дека Алесија била пронајдена без знаци на живот, а нејзиното тело било испратено на обдукција зашто станува збор за сомнителна смрт.

Младата кошаркарка не била болна, па поради целиот случај е отворено досие и се чекаат извештаите од обдукцијата за да покажат која е причината за нејзината смрт.

„Една од најталентираните спортистки повеќе не е со нас. Алесија Марија Рајкју почина на денот кога наполни 18 години. Освои голем број медали на националните првенства за млади со Олимпија Букурешт“, соопштија од кошаркарскиот сојуз на Романија.