Легендарниот Славниќ удри по Јокиќ: Ужасно е колку е добар кошаркар, а - лош патриот!

Големата легенда на некогашната југословенска кошарка, Зоран Славниќ, секогаш збори отворено и без „влакно на јазикот“, па таков беше и додека говореше за најдобриот српски, а можеби и светски кошаркар во моментов, Никола Јокиќ.

Тој го обвини центарот на Денвер дека премногу пати одбил да игра за репрезентацијата и дека му недостасува чувство на патриотизам.

„Такво отсуство на патриотизам не е за луѓето. Не ми е јасно како срцето не му работи за да игра за својата земја. Од пет покани четири пати одби да игра. Тоа е неверојатно, “ изјави Славниќ.

Легендарниот Мока не ги оспорува неговите играчки квалитети.

„Што се однесува до неговите играчки квалитети, страшно е колку е добар, колку е паметен, колку е креативен. Но, штета што тоа не го покажува во дресот на Србија“, дополни Славниќ.

Во моментов цела спортска Србија е во исчекување на одлуката на Јокиќ околу неговиот настап на претстојните Летни олимписки игри, каде што бркаат златен медал.