Куманово со триумф против Берое ја заврши првата фаза во БИБЛ

Кошаркарите на Куманово со победа од 93-80 против Берое ја заврши првата фаза од натпреварувањето во БИБЛ-лигата.

Македонската екипа го контролираше натпреварот од самиот финиш на првата четвртина (29-22), а нивното водство порасна на 52-41 на полувреме.

Берое се обидуваше да ја врати резултатската неизвесност, но само успеа да намали на 54-60, по што Куманово рутински ја заврши работата и извојува триумф од 93-80.

Најдобар во редовите на Куманово беше Ѓекиќ со 23 постигнати поени, додека Гејвин постигна 24 поени за Берое.

Пласман во втората фаза, освен Куманово, обезбеди и вториот македонски тим ТФТ Скопје, а таа ќе почне од 9 февруари и ќе трае до крајот на парт.