
Калиниќ доби жестока суспензија, Црвена Звезда реагираше бурно кон АБА!
Црвена Звезда реагираше на потегот на АБА-лигата да го суспендира Калиниќ на три натпревари.
„Оваа одлука ја покажува намерата на Хрвоје Видан, но и цела лига, дека Ц. Звезда треба да биде елиминирана од рамноправна борба за трофеј бидејќи таа не е донесена со цел да се дисциплинира кошаркарот кој направил прекршок, туку да се нанесе спортска штета на еден од учесниците во полуфиналето на АБА. Ова е отворен линч и директна саботажа на Звезда“, реагираат од српскиот тим.
Казна имаше и за Будуќност, кој мора да плати 40.000 евра, а следниот домашен натпревар ќе треба да затвори половина од трибините.