Епски: Кошаркар на Цибона погоди од кош на кош со шут во стилот на – Том Брејди (ВИДЕО)

Првото полувреме од денешниот натпревар од АБА-лигата помеѓу Мега Сокербет и Цибона (37-37) донесе квалитетна и изедначена кошарка, а со последниот звук на сирената и тројка која долго ќе се раскажува и која дефинитивно ќе влезе во изборот на најатрактивни кошеви на сезоната.

Егзекутор беше Јосип Билиновац, кој во отсуство на доволно време за напад, ја фрли топката од својата половина кон противничкиот кош во стилот на квотербековите во американскиот фудбал. Неговата прецизност беше налик на најдобриот на оваа позиција во НФЛ, Том Брејди, па топката заврши во кошот на Мега Сокербет.

Изненадувањето беше огромно за сите во салата, па и за коментаторот на телевизијата Арена спорт, кој едноставно се фати за глава од шок поради начинот на кој гостинскиот играч погоди од кош на кош