За Јакимовски и Вашингтон стејт заврши „Мартовското лудило“

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон стејт беа поразени од Ајова Стејт со 67-56 и го завршија настапот на таканареченото „Мартовско лудило“.

Откако го поминаа универзитетот Дрејк во претходното коло, синоќа Јакимовски и Вашингтон беа немоќни против Ајова стејт.

По израмнетото прво полувреме, Ајова направи разлика во вториот дел од мечот и дојде до победата од 67-56.

Јакимовски немаше меч на своето ниво, постигна само три поени со реализација 1 од 7 од игра.