Вигинс со звукот на сирената ја урна Оклахома (ВИДЕО)

Ендру Вигинс и донесе победа на Минесота од 115-113 на гостувањето кај Оклахома со тројка од огромна далечина, буквално во последната секунда од натпреварот. 

Завршницата на натпреварот беше фантастично возбудлива, бидејќи на четири секунди до крајот Кармело Ентони погоди тројка за водство на Тандер од 113-112. Сепак, тимот од Минесота не размислуваше да се предаде, па одговорноста ја презеде Вигинс, кој погоди за три поени откако направи само неколку чекори во половината на Оклахома за штама во Оклахома. 

Карл Ентони Таунс стигна до дабл-дабл ефект од 27 поени и 12 скока, Вигинс го заврши мечот со 27 поени. Расел Вестбрук исто така имаше дабл-дабл ефект од 31 поен и 10 скока, Кармело Ентони реализираше 22 поени, додека Пол Џорџ натпреварот го заврши со 14 поени.

На останатите натпревари
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 112-119
Бруклин - Атланта 116-104