
Ветеранот што играше со Антиќ во НБА, ќе биде засилувањето за титула на Денвер
Искусниот кошаркар е слободен откако ја прекина соработката со Бостон, а за него најзаинтересиран во моментов е шампионот од 2023 година. Евентуален договор би решил два проблема одеднаш: искуство во тимот и квалитетна замена за минутите кои надвор од игра ќе ги помине Никола Јокиќ. Хорфорд има 39 години, но се уште игра на врвно ниво, а главни карактеристики му се кошаркарската интелигенција, квалитетната одбрана и шутот од дистанца, а тоа се елементи кои можат да го вратат Денвер во трката за шампионската титула.
Неговата кариера трае веќе 18 години, а две сезони во Атланта му беше соиграч на македонскиот репрезентативец Перо Антиќ. Со Бостон освои титула минатата година, а забележа и пет настапи на Ол стар натпреварите.