Урнебесна тепачка во НБА: Џин од Феникс и џуџе од Индијана си разменија боксови (ВИДЕО)

Екипата на Феникс Санс славеше на синоќешното гостувањеткај Њу Орлеанс (120-114), но натпреварот ќе се памети по инцидентот и физичкиот судир на паркетот, кој ја засени самата игра.

До немилиот настан дојде по еден офанзивен фаул на Марк Вилијамс, по што влезе во конфликт со Хозе Алварадо. Вербалната расправија брзо прерасна во физички судир, помалку смешен со оглед на огромната разлика во височина помеѓу двајцата кошаркари, но со навремена реакција на судиите и кошаркарите од двата тима беше спречена поголема ескалација.

„Сонцата“ до победата стигна благодарение на изразено тимската игра и одличниот шут од далечина. Дури седум играчи на Санс постигнаа двоцифрен број поени, а тимот од Аризона шутираше 46 отсто за три поени. Најефикасен кај победниците беше Девин Букер со 20 поени, иако имаше скромен шутерски учинок (6/18 од игра). Кај Њу Орлеанс се истакнаа тројца кошаркари со повеќе од 20 поени – Треј Марфи уфрли 24, Џордан Хокинс 21, а Зајон Вилијамсон мечот го заврши со 22 поени.