Тошевски постигна гол против Мехелен и му обезбеди важен бод на Дендер

Македонскиот интернационалец Давид Тошевски постигна гол во ремито меѓу Мехелен и Дендер (1-1) во 20. коло од белгиското првенство.

Мехелен го имаше водството сè до 61. минута кога Тошевски со глава го матира голманот на противничкиот тим за конечни 1-1.

Дендер е на последната позиција по 20 одиграни кола со 13 бодови, додека Тошевски има четири погодоци во белгискиот шампионат.

Фото: FCV Dender EH