Нигерија водеше со 3-0, ама на крај се „тресеше“ за победа против Тунис
Виктор Осимен го отвори резултатот во првото полувреме, односно во 44. минута кога погоди за 1-0, додека Ндиди на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0.
Третиот гол беше дело на Лукман, кој донесе предност од 3-0 за Нигерија и сите помислија дека сè е завршено, но токму тогаш почна да се буди Тунис.
Тунис намали преку Талби во 74. минута, а потоа Абди на три минути пред истекот на регуларните 90 минути погоди за 2-3.ж
Фото: Facebook/Nigeria Super Eagles