Бура во АБА: Го*на едни, крадат цел натпревар! (ВИДЕО)

Романскиот шампион Клуж ја забележа осмата победа во АБА лигата, откако вчера го победи тимот на Студентски центар со 96-85.

Со тоа, Клуж се искачи на второто место во регионалното натпреварување, но со два натпревара повеќе од Партизан, кој има само еден пораз и идентичен број победи. Од самиот почеток, Романците беа подоминантни и имаа сè во свои раце речиси во сите 40 минути од натпреварот. Сепак, тренерот на гостите Петар Мијовиќ имаше што да им каже на судиите за време на тајмаутот и го изрази своето незадоволство од судењето.

- Нема паѓање, овие го*на крадат цел натпревар! Без паѓања, јасно? Играјте на работ на намерен фаул. Го*на едни, да ве е*ам во уста“, викаше Мијовиќ кон судиите.

Сепак, на прес-конференцијата тој успеа да ги смири нервите, па зборуваше во поодмерен тон и го призна поразот на својот тим.