Јувентус ѝ пресуди на Пиза за трет триумф по ред во Серија А
Пиза долго време даваше отпор, а Јувентус конечно ја проби одбраната на домаќинот во 73. минута, кога Калабреси си ја затресе сопствената мрежа.
Победата ја потврди талентираниот Кенан Јилдиз во втората минута од судиското надополнување на натпреварот.
Јувентус е трет во Серија А со 32 поени, односно еден помалку од лидерот Интер.