Шкендија бара милион евра за Фетаи – може да собере и до 10 милиони од трансфери!
Раководството на тетовскиот клуб, сепак, нема намера лесно да се откаже од еден од своите клучни играчи, па поради зголемениот интерес ја постави откупната цена на - еден милион евра. Ова е висока сума, но е реална ако се земат предвид неговите настапи и конзистентноста оваа сезона. Фетаи, поранешен младински репрезентативец на Македонија (У21), сезонава одигра 23 натпревари во сите конкуренции, а посебно се истакна со фактот што ги одигра сите минути на европските мечеви на Шкендија – јасен показател за неговото значење во тимот.
Интересот за фудбалерите на Шкендија не застанува само кај Фетаи. Неговиот соиграч Клисмaн Цаке е на мета на клубови од Русија, додека Бабукар Геј привлекува внимание од повеќе европски лиги. Според проценките, успешен европски настап оваа сезона може да ѝ донесе на Шкендија повеќе од 10 милиони евра од трансфери – средства што би се искористиле за инфраструктура, нови засилувања и реконструкција на стадионот во Тетово.