Идеалниот тим на Лига 1 за 2025: Десетмина од ПСЖ, плус Гринвуд
Како резултат на тоа, играчите на еден од најмоќните клубови во Европа и светот станаа инвентар кога станува збор за избор на идеален тим за календарска година или сезона. Францускиот „Лекип“, како најпочитуван спортски медиум во земјата и пошироко, традиционално ги избра најдобрите 11 играчи од Лига 1 за 2025 година и иако стана традиција играчите на ПСЖ да бидат предводници, овој пат за малку беше избегнато сите 11 да се од редовите на алтуелниот француски и европски шампион.
Во изборот за 2024 година имаше седуммина од ПСЖ, а во тимот се најде тогашниот голман на Лил и сегашен голман на ПСЖ, Лук Шевалие, дефанзивецот на Монако, Вилфред Синго, играчот од средниот ред на Брест, Пјер Ле Мелу, и напаѓачот на Лил, Џонатан Давид. Овој пат можеме да зборуваме само за еден „натрапник“, еден играч кој не припаѓа на тимот на Луис Енрике.
Мејсон Гринвуд е единствен кој не е од редовите на ПСЖ. Донарума е на голот, одбраната ја сочинуваат Хакими, Маркињос, Пачо и Мендеш, средниот ред го сочинуваат Витињо, Невес и Руиз, а во нападот се Дембеле и Дезире Дуе. Секако, Луис Енрике е избран за најдобар тренер.