Сити во финишот го „скрши“ Нотингем Форест и скокна на врвот од табелата во Англија!

Фудбалерите на Манчестер Сити триумфираа на денешното гостување кај Нотингем Форест (2-1) во меч од 18. коло на Премиер лигата, кој беше решен во самата завршница.

Екипата на Пеп Гвардиола до трите бода стигна со гол во 83. минута, со што остана во директна трка со Арсенал за шампионската титула. Херој на „граѓаните“ беше Рајан Черки, кој ја казни одбраната на домаќините во момент кога се чинеше дека бодот ќе остане во Нотингем. Сити поведе на стартот од второто полувреме, кога во 48. минута Тиџани Рајндерс го совлада голманот на Нотингем. Радоста на гостите траеше кратко – само шест минути подоцна Омари Хачинсон, по асистенција на Игор Жезус, го израмни резултатот.

Одбраната на Нотингем долго време одолеваше на нападите на Сити, во финишот сепак попушти. Черки пронајде празен простор и прецизно погоди за голема победа на актуелниот шампион. Со овој триумф Манчестер Сити привремено се искачи на првото место на табелата со 40 бодови, пред Арсенал, кој има бод помалку и кој подоцна во денот го игра својот натпревар против Брајтон.