Перез не е Дедо Мраз - нема да му ја исполни желбата на Алонсо!
Иако стратегот посочувал на потреба од дополнителна опција во средниот ред, клупската политика останува непроменета.
Според пишувањата на шпанските медиуми, единствениот потег на „кралевите“ во јануари беше реализиран преку заминувањето на Ендрик на позајмица во Лион, што практично значи и затворање на трансфер активностите за оваа зима.
Раководството е на став дека актуелниот ростер има доволен квалитет и ширина за да се остане во трка за сите трофеи. Поради тоа, нема намера да се вложуваат дополнителни средства.