Реал Мадрид ќе го продаде Винисиус, ама само за 100 милиони евра!
Бразилскиот репрезентативец би можел да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но само за понуда од 100 милиони евра.
Парите од трансферот на Винисиус, „кралевите“ ќе ги искористат за да го купат Витиња од ПСЖ за 41,5 милиони евра.
Витиња за ПСЖ досега одигра 176 натпревари, при што постигна 24 голови и 22 асистенции.