Јута по голема драма го реши Детроит, Клиперс со пресврт му пресуди на Портланд (ВИДЕО)

Одлична ноќ со драматични пресврти во НБА-лигата, а во центар на внимание во Јута, каде што домаќинот славеше против Детроит пистонс.

Највозбудливиот меч беше одигран во Јута, а сè се решаваше во последните минути од натпреварот, кога на сцена настапи Кејонт Џорџ кој го постигна решавачкиот кош на две секунди пред крајот.

Џорџ одигра феноменален меч со 31 поен, седум скокови и осум асистенции, а на спротивната страна одличен беше Кејд Канингам со 29 поени и 17 асистенции.

Портланд трејл блејзерс имаше водство во поголем дел од мечот против Лос Анџелес Клиперс, а во третата четвртина изнесуваше 119-103. Сепак, машинеријата од Лос Анџелес се разигра во финишот и оствари победа.

Решавачкиот момент се случи во третата четвртина кога Клиперс влезе во серија од 19-1. Херој во победата беше Брук Лопез со девет погодени тројки, односно го заврши мечот со 31 поен. На теренот блескаа и Џејмс Харден со 34 поени и Каи Ленард со 28 поени.

Останати резултати: 

Атланта - Мајами 111-126
Индијана - Бостон 122-140 Ж
Орландо - Шарлот 105-120
Вашингтон - Торонто 138-117
Чикаго - Филаделфија 109-102
Мемфис - Милвоки 125-10
Њу Орлеанс - Феникс 108-115

Фото: Utah Jazz