Деби гол на Доргу за три бода на Јунајтед против Њукасл! (ВИДЕО)
Тоа беше меч со шанси и на двете страни, а Јунајтед беше подобар за тој еден гол и заслужено дојде до победата.
Клучниот момент се случи во 24. минута кога Доргу начека една топка и со прекрасен удар ја смести во мрежата на Рамсдејл.
Тоа за него беше прв гол во дресот на Манчестер Јунајтед.
Њукасл до крајот на натпреварот се обидуваше да дојде до израмнување, но момците на Аморим издржаа и со право се радуваат на победа.