Работнички се спаси во последната четвртина - следува „вечно“ дерби во Купот
Тимот од Градски парк го победи Тиквеш со 92-73 и тоа најмногу благодарение на одличната игра во последната четвртина која ја доби со 29-10. Откако на минута пред крајот на третиот период Тиквеш водеше со 63-61, Работнички направи серија од 11-0 за водство од 72-63, а потоа со уште седум поени во низа отиде на 79-66 со кои ги реши сите дилеми околу победникот.

Роберт Рикиќ уште еднаш беше најдобар играч во екипата на Работнички, постигнувајќи 20 поени и 14 скока за индекс 38. Андерсон го предводеше Тиквеш со 22 поена.

Во четвртфиналето, Работнички ќе се сретне со екипата на МЗТ Скопје што значи дека и во Купот на Македонија ќе има „вечно“ дерби.

