Муслиу блеска во дресот на Сен Труден, имаме дефанзивец кој е во - страшна форма!
Муслиу е еден од најдобрите пет централни дефанзивци во белгиската лига.
„Секогаш е добро да се слушне дека сте меѓу најдобрите дефанзивци во лигата. Секогаш се обидувам да го дадам максимумот за Сен Труден“, рече Муслиу за „xmksport“.
31-годишниот дефанзивец има просечна оценка од 7,28 што го прави во еден од дефанзивците кои се во најдобра форма на Балканот, а сигурно во Македонија.
Тој досега стартуваше на сите мечеви за Сен Труден, има вкупно 17 настапи за белгискиот тим и ги надмина сите очекувања.
Сен Труден во моментов е на третата позиција со само три бода помалку од лидерот Ројал Унион и два од Клуб Бриж кој е на второто место.