Мбапе отпатува до Мароко за да му даде поддршка на Хакими - некои пријателства траат вечно! (ФОТО)

Килијан Мбапе е на мечот меѓу Мароко и Мали со цел да му даде поддршка на својот поранешен соиграч од редовите на ПСЖ, Ашраф Хакими.

Мбапе и Хакими заедно водеа битки во францускиот тим, но очигледно станаа и многу големи пријатели.

Французинот денеска беше виден на трибините со дрес на Мароко со бројот 2. Тоа е бројката која ја носи Хакими во мароканската репрезентација.