Гвардиола откри дека само еден се вратил здебелен од празниците - тој!
Минатата недела, Пеп Гвардиола рече дека сите фудбалери ќе се качат на вага кога ќе се вратат на тренинг по Божиќ, и оние кои ќе се опуштат малку повеќе за празникот, нема да играат против Нотингем Форест.
Во пресрет на утрешниот натпревар, Пеп Гвардиола сега откри дека само тој се вратил здебелен.
„Качив едно 4-5 килограми, јадев и пиев, се опуштив малку повеќе“ , вели тренерот на Манчестер Сити.
„Но фудбалерите беа страшно дисциплинирани, мора да им се честита“.