Еден од најдобрите тенисери во светот го пропушта Австралијан опен!
Десеттиот тенисер во светот, Џек Дрејпер објави дека нема доволно време да се рехабилитира по повредата и поради тоа ќе мора да го пропушти првиот гренслем-турнир во сезоната.
„За жал, мојот тим и јас решивме да го пропуштиме Австралијан опен. Ова е навистина тешка одлука, меѓутоа имам повреда веќе некое време. Во моментов сум во завршна фаза на рехабилитација, но нема да бидам подготвен да играм дуели во три добиени сета“, кажа Дрејпер.