Тер Штеген не е опседнат со СП, ниту со минутите кои ги добива!

Германскиот голман Тер Штеген не е стартер во составот на Барселона, но тоа и не го загрижува многу.

Гарсија е првиот голман на Барса, а Тер Штеген неодамна бранеше во шпанскиот куп против Гвадалахара.

Местото на Германецот е на клупата, со тоа ризикува да не биде повикан за германската репрезентација на Светското првенство.

Но, шпанските медиуми пишуваат дека тој не е опседнат со настап на Мундијалот, ниту пак со тоа колку време минува на теренот.

Тој има намера да остане во Барселона. Би заминал само ако најде тим кој смета дека е на негово ниво. Нешто што уште не се случило во овој период.