„Каталонците“ го враќаат ударот: Мундо Депортиво објавува список од 100 грешки на штета на Барса
Весникот Мундо Депортиво денеска почна фељтон со 100 грешки на штета на Барса во периодот за кој во Реал тврдат дека „каталонците“ имале судиска помош. Грешките се објавени во три сегменти, во периодот од 2001 до 2006 година, потоа од 2007 до 2012 и од 2013 до 2018 година кога.
„Кралскиот клуб“ ја товари Барселона дека имала судиска помош во периодот од 2001 до 2018 година кога го исплаќала тогашниот судија Негреира. Од Барса тврдат дека плаќањата се за судиски анализи кои на „каталонците“ им помагале да се подготват за своите натпревари, во зависност од тоа кој ги води. Во тие 18 години Барселона имала петмина различни претседатели поради што во клубот тврдат дека е невозможно сите да имале иста агенда.
Списокот на грешките на штета на Барселона или во корист на Реал, од 2001 до 2018 година можете да ги погледнете ТУКА, ТУКА и ТУКА.