Феникс го нокаутира Чаир и избори четвртфинале во Купот

Кошаркарите на Феникс триумфираа на гости кај Чаир со 83-79 и се пласираа во четвртфиналето на Купот на Македонија.

Феникс ја контролираше играта во текот на целиот натпревар, иако Чаир понуди драма во финишот кога намали на 74-76.

Чаир се обидуваше да направи и пресврт, но Феникс го издржа притисокот и успеа да слави со 83-79. Рахама повторно беше најефикасен кај Феникс, со 21 поен, Наумоски додаде 16, а Ниа запиша 14. На спротивната страна, Тачи го предводеше тимот на Чаир со 23 поени.

Во четвртфиналето од Купот, Феникс ќе игра против најдобриот тим од првата полуетапа ТФТ.