Ванда Нара не е секс бомба – таа е баба која одлично знае да користи Фотошоп (ФОТО)
Фотографијата, направена за време на снимањето на аргентинската верзија на Мастершеф, ја прикажа Ванда во сосема поинакво светло од она што самата го претставува на Инстаграм, каде редовно објавува „совршени“ фотографии. Токму таа разлика беше доволна за да започне лавина коментари и критики од јавноста дека таа всушност не е секс-бомба туку обична баба која добро знае да користи Фотошоп.
Ванда Нара е одамна познато име во фудбалскиот свет. Првпат привлече внимание кога беше поврзувана со легендарниот Диего Марадона, а подоцна стапи во брак со макси Лопез, со кого започна врска додека тој настапуваше за Барселона. Бракот со Лопез заврши бурно, откако Ванда го изневери со неговиот пријател и соиграч Икарди, за кого подоцна се омажи. Сепак, и тој брак неодамна доживеа крах поради чести меѓусебни обвинувања за неверство, по што двојката тргна по различни патишта.
Ванда сега најчесто престојува во Буенос Аирес, каде е ангажирана како водителка, но вниманието на јавноста сè повеќе го привлекува поради нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Иако има дури 17,5 милиони следбеници на Инстаграм, сè поголем број коментари укажуваат дека нејзиното користење Фотошоп „излегло од контрола“. Фотографијата од снимањето само го засили тоа мислење – многумина беа изненадени од тоа како Ванда навистина изгледа без дигитална обработка.