Шок за Германците - еден од најголемите таленти отпадна за Мундијалот

Офанзивниот играч за врска на Баерн Минхен, Ленарт Карл нема да може да учествува на претстојното Светско првенство. Тинејџерот на Баерн се повреди за време на еден тренинг на германската репрезентација, а повредата е таква што ќе го оневозможи да му помогне на националниот тим.

Според новинарот Флоријан Плетенберг и други извори, на Карл му е дијагностицирана скината мускулна фолија. Оваа повреда ќе го оддалечи од теренот неколку недели, што ќе го направи невозможно неговото учество на Светското првенство. Се очекува Карл да се врати во Минхен, каде што ќе работи на рехабилитацијата.

На негово место во германската репрезентација ќе биде повикан Асан Уедраого од РБ Лајпциг. Минатата сезона тој одигра 19 натпревари во Бундеслигата и постигна 4 гола.