На ФИФА ѝ се поважни спонзорските договори од здравјето на фановите!

ФИФА постојано е мета на критиките за организацијата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, нова серија негодувања стигнаа поради една забрана.

Пред почетокот на Мундијалот, ФИФА излезе со соопштение дека ќе биде забрането внесување на шишиња со вода на стадионите за време на натпреварите.

Критиките се дека тоа ФИФА го прави од комерцијален интерес со цел да се продава вода на некој од спонзорите на стадионите.

Претходно беше дозволено да се носи вода, но сега забраната наводно е да не се користат шишиња со цел да се спречат евентуални инциденти на стадионите.

Организации и адвокати на навивачите негодуваат на ваквите забрани велејќи дека со тоа ФИФА ризикува дехидрација на фановите и болести поврзани со жештината која неминовно ќе биде присутна на стадионите бидејќи првенството се одржува среде лето.

Тие обвинуваат дека ФИФА наместо да се грижи за комфорот и здравјето на навивачите, тие за „грст“ пари донесуваат одлуки на штета на љубителите на фудбалот.