ВАР-драма ја тресе Шпанија: Судиите ги признаа грешките - Барса профитирала, Реал бил оштетен!

Шпанскиот фудбал повторно се најде во центар на внимание поради признанието на Техничкиот комитет на судии за грешките во ВАР-системот. Официјално биле направени анализи на 51 меч во Ла Лига и биле забележани 10 погрешни одлуки.

Според извештајот, Атлетико Мадрид и Барселона се наоѓаат меѓу екипите кои имале најмногу корист од ВАР-грешките, додека од друга страна е Реал Мадрид кој бил негативно погоден од одлуките.

Навивачите на „кралскиот клуб“ подолго време искажуваат незадоволство од судењето, а ова ќе предизвика дополнителен револт и реакции.

Фото: EPA