Голема трагедија во Бугарија: Почина 25-годишен фудбалер на теренот! (ФОТО)
Фудбалерот настапувал за екипата на Дреновец, а причината за неговата смрт засега останува непозната.
„Нашиот клуб изразува искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите на Ангел Петров – Ачи. Загубата на еден млад живот е неизмерна болка. Во овие тешки моменти сме со вас и ја споделуваме вашата болка. Неговиот спомен засекогаш ќе остане во нашите срца.
Поклон пред неговиот светол спомен! Како знак на сочувство, ФК Дреновец го повлекува дресот со број 11 – Ачи засекогаш останува еден од нас“, соопшти тимот.
Фото: Facebook/ФК "Дреновец"