Србин ја изнасмеа цела Америка: Јас сум како Супермен, дојден од друга планета!

Српскиот горостас Бобан Марјановиќ е еден од ретките кошаркари кој каде и да се појави е омилен, а тоа е најмногу и поради својот однос и многу честите шеги и на своја сметка.

Марјановиќ и овојпат ја изнасмеа цела Америка, кога посочи дека тој не доаѓа од Србија, туку од – друга планета.

„Јас доаѓам од друга планета. Исто како Супермен, само што тој е од Криптон. Не ги покажувам своите моќи, зашто сакам да играм кошарка. А, кога ќе се пензионирам – ќе одлетам“, вели 222 сантиметри високиот центар.

Србинот неодамна беше разменет од ЛА Клиперс во Филаделфија, а претходно во НБА играше за Детроит и Сан Антонио.