
Новиот голман на Валенсија има погубна клаузула за Димитриевски!
Валенсија ова лето се одлучи да се поднови на голманската позиција, па на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао.
Дел од шпанските медиуми пишуваат дека во договорот меѓу двата клуба има клаузула според која Агирезабала мора да брани, односно има број на натпревари колку што мора да одигра, во спротивно Валенсија ќе плаќа пенали.
Ваквиот договор е крајно неповолен за Димитриевски бидејќи ја сведува на минимум шансата да се избори за прв голман на Валенсија.
Најверојатно македонскиот голман ова лето ќе биде пратен на позајмица, а најсериозен кандидат е Елче.