Тадиќ не се врати во Србија – избра побогат договор!

Eкипата на Ал-Вахда од Абу Даби денеска и официјално го потврди ангажманот на Душан Тадиќ, кој претходно на големо се поврзуваше со преселба во неговата татковина.

За Тадиќ голем интерес покажаа Војводина и Црвена Звезда, но на крајот фудбалерот не постигна договор и одлучи да продолжи во Обединеите Арапски Емирати каде што потпиша договор на една година, со можност за продолжување на уште една.

Не се открива колку Тадиќ ќе заработува, но српските медиуми потенцираат дека сигурно е повеќе од она што би го добил во Војводина или Црвена Звезда.

Исто така и Атлетико Мадрид се споменувааше како можна дестинација, меѓутоа и „јорганџиите“ на крајот се откажаа од намерата да го доведат.

Фото: Fenerbahçe SK