Фудбалер на Баерн се откажа од Германија за да игра за Косово

Фудбалерот од академијата на Баерн Минхен, 17-годишниот Јил Гаши кого медиумите го опишуваат како некој со голем потенцијал одлучил во иднина да настапува за селекцијата на Косово.

Гаши кој е напаѓач, но може да игра и на крилните позиции досега беше дел од селекцијата на Германија и за оваа генерација собра 15 настапи, додека претходно за У16 одигра шест средби. Вкупно постигна четири погодоци.

Сепак, сега во иднина како што стојат работите ќе ги брани боите на Косово.

Тој има двојно државјанство, а досега настапувал само во Германија, пред Баерн беше дел од академиите Фуксе и Херта од Берлин.

Фото: FC Bayern