Дени Масев е осуден на четири години затвор!

Поранешниот македонски фудбалер и спортски директор на нашата репрезентација, Данчо Масев е осуден на четири години затворска казна во случајот за дрога каде главен осомничен е Раде Трајковски - Штекли.

Масев вчера заедно со уште тројца обвинети членови на групата на Раде Трајковски - Штекли призна вина, а денеска му е изречена пресудата, тој доби затворска казна од четири години.

Дени Масев во притвор заврши во март, а потоа веднаш беше разрешен од функцијата спортски директор на репрезентацијата на Македонија.

Според обвинителството, групата во која бил вклучен и Масев, била добро организирана, секој имал прецизна улога, од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата ја чувале во изнајмени станови, а се продавала од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.