Рамадани е стрелецот на првиот гол во новата сезона во ПМФЛ (ВИДЕО)

Eкипата на Шкендија која како фаворит влезе во дербито со Шкупи стигнува до предност по само осум минути игра.

Стрелец на голот беше Рамандани кој одлично шутираше надвор од шеснаесетникот и го матираше голманот Максимилијан Гроте. Треба да се каже и дека Шкупи овој натпревар го започна со седум младинци во своите редови.

Единствени кои не доаѓаат од младинскиот состав се само токму голманот Гроте, Адили, Мухарем и Али Адем.